Осум сообраќајки во Скопје, потешко повредени двајца пешаци
Сообраќајната полиција во текот на вчерашниот ден на подрачјето на Скопје изврши увид на вкупно осум сообраќајни несреќи. Со тешки телесни повреди се здобиле двајца пешаци, а со телесни шест лица. Во три сообраќајки е причинета само материјална штета.
Како што информираа за МИА од СВР - Скопје, во текот на изминатиот ден по спроведените контроли над учесниците во сообраќајот од страна на сообраќајната полиција, откриени и санкционирани се поголем број прекршоци.
Санкционирани се десет возачи кои се движеле со брзина поголема од дозволената, двајца возачи поминале на црвено светло на семафор, 10 возачи го управувале возилото без возачка дозвола, односно нерегистрирано, како и седум возачи кои за време на управување на возилото не го користеле сигурносниот појас или го користеле мобилниот телефон.
Затекнати се и 22 непрописно паркирани возила.
Со помош на специјалното возило пајак, во текот вчерашниот ден отстранети се 31 возило кои во поголема мера го попречувале нормалното одвивање како пешачкиот така и моторниот сообраќај.
Во рамките на проектот „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“ денеска Одделението за превенција при СВР Скопје ќе реализира едукативни работилници во ООУ „Гоце Делчев“ и во ООУ „Димитар Миладинов“ со учениците од четврто одделение, кои се наоѓаат на подрачјето на општина Центар.
Со почеток во 12:00 часот вработените во МЗТ Леарница АД Скопје ќе одржат протест пред Собранието на РМ, Владата на РМ и пред други објекти во централното градско подрачје. Со цел непречено и безбедно одвивање на овој протест, од сообраќајната полиција ќе бидат превземени мерки за сообраќајно обезбедување и физичко регулирање на сообраќајот.
Ново на Сител
-
Руско МНР: Европа нема право да учествува во преговорите за Украина
-
Со инвестиција од над една милијарда евра во енергетиката во земјава влегува турската групација „Казанчи Холдинг“
-
Во Белград протест на просветните работници, а студентите од различни градови пешки тргнаа кон Ниш
-
Со помош на изработен лажен клуч, две лица провалиле во стан во Скопје и одзеле 250 евра и накит
-
Кремљ го прифати извинувањето на Вучиќ за гласањето за резолуцијата во ОН
-
Две заторенички физички се пресметале во КП Идризово, едната се здобила со тешки телесни повреди
-
Пријава за „злоупотреба на службена положба и овластување“ за четворица струмичани од Комуналец
-
Таравари најавува законски измени за департизација на здравството