Осум приведени во акциска контрола за спречување продажба и ужување опојна дрога

Отсекот за недозволена трговија при СВР Велес во текот на минатиот викенд реализира акциски контроли на подрачјето на Неготино и Кавадарци за спречување на уличната продажба и уживање на опојни дроги, при што лиши од слобода осум лица М.Ч. (19), П.А. (22), А.Д. (23), А.Ј. (26) М.Б. (25), В.В. (21), сите од Неготино и И.Ѓ. (21), и Л.И. (21) од Кавадарци.
Кај приведените, информира МВР, пронајдена е опојна дрога марихуана во помали количини подготвена за препродажба, како и за употреба (цигари со марихуана).
- Во акциската контрола запленети се над 70 грама опојна дрога марихуана. По лишувањето од слобода на лицата, со нив е извршен разговор, по што се пуштени на слобода, а по целосно документирање на случаите против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави, соопшти МВР.
Ново на Сител
-

СДСМ: Мерките се задоцнети
-

Изминатите три дена 1699 сообраќајни прекршоци, уапсени 60 лица за безобѕирно управување на возило
-

Истражување: Некои бактерии можат да преживеат меѓупланетарни патувања
-

Реал го победи Атлетико во дербито на Мадрид
-

Меси го надмина Пеле по број на голови од слободен удар
-

РФМ во Белград ќе договара заедничко натпреварување со Србија и со Црна Гора
-

Иран се заканува со минирање на Персискиот Залив
-

Кумановец почина откако му се слошило додека возел на локален пат
