Осум повредени во судар на две возила кај Желино
Осум лица се повредени во сообраќајка што се случила вчера попладне на излезот од Желино, на крстосницата од локалниот пат кон Стримница.
Како што информира денеска портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски, во несреќата учествувале два автомобила со тетовски регистарски таблички, Поло управувано од Б.З.(19) од Желино и Пасат управуван од С.С.(70) од Стримница. Двајцата возачи, три сопатнички од Пасатот и тројца сопатници од Полото здобиле телесни повреди и биле пренесени во тетовската клиничка болница од каде по укажаната помош се пуштени на домaшно лекување.
Увид на местото извршила екипа на СВР Тетово и според првичните податоци, причина за несреќата е непочитување на првенство. Материјалната штета се проценува на околу 80.000 денари.
Се работи на целосно расчистување на случајот.
Ново на Сител
-
Барањето за 450 евра минималец на првата седница на економско-социјалниот совет
-
Приватните превозници ќе возат до 11 часот, додека ЈСП им префрли пари за гориво
-
Преглед на вестите од светот
-
Приватните превозници ги паркираа автобусите
-
Мицкоски во посета на Гевгелија
-
Сиљановска во посета на ГШ на Армијата
-
Управниот суд ја одби тужбата на Јолевски
-
Дурмиши: Ќе работат за добра бизнис клима