Македонија
18. July 2015 - 15:54

Осум планинари од „Орле” Кавадарци се качија на Триглав

Осум планинари од спортско-планинарското друштво „Орле” од Кавадарци се искачија на врот Триглав na планинскиот масив Јулиски Алпи во Словенија,  висок 2.864 метри надморска височина, информираше денеска претседателот на друштвото Никола Минчоров.

- Ова е уште еден успех на друштвото кое постои од 1961 година. До крајот на годината но и во иднина планираме уште неколку интересни акции со искачување планински врвови во земјава и странство, рече Минчоров.

Во искачувањето учествуваа планинарите: Александар Чадамов, Даница Стојановска, Александар и Никола Илиеви, Милан Колев, Панче Тотов, Влатко Димитров и Александар Атанасов.