-->
-->
Осум контејнери опожарени во текот на минатата ноќ
-->

Два новопоставени контејнера со зафатнина од 3,2 кубни метра се опожарени во текот на изминатата ноќ на главната улица во населбата Ѓорче Петров, како и шест пластични контејнери од 1,1 кубни метри во населбата Ново Лисиче, информира ЈП „Комунална хигиена“-Скопје.
Оттаму посочуваат дека со ваков инцидент се соочиле и за време на изминатиот викенд во скопската населба Радишани, каде изгореа три контејнери од 1,1 кубни метри и еден специјален контејнер-ѕвоно, наменет за селекција на стакло.

-Опожарените садови се целосно уништени и неупотребливи. Веќе имавме случај на еден опожарен нов контејнер на улицата „Рузвелтова“, а во текот на минатата ноќ изгореа уште два нови и шест од старите садови за одлагање на отпадот. Покрај значителната финансиска штета што е нанесена на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје, овие инциденти предизвикуваат големи проблеми при одлагањето, собирањето и транспортот на комуналниот отпад. Апелираме да престане вандализмот и уништувањето на контејнерите, за екипите на Претпријатието да можат навремено да ги извршуваат своите работни обврски на терен, изјави директорот на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје, Абдусамед Шабани.
Сите случаи на опожарување на садовите за одлагање на отпадот се пријавени до надлежните органи и ќе бидат преземени соодветни мерки за да се пронајдат и санкционираат сторителите.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Teма на денот со Стојанче Ангелов
-

Експертите сугерираат: Да не се кратат капиталните расходи, да се зголеми наплатата на приходи
-

Проф. Атанасовски: Тоа не се коски на цар Самуил, па глупост е дека тој се враќа во Бугарија, кога таму никогаш и не бил
-

МПЦ слави празник на сите македонски светители и 40 години јубилеј од Архиерејската служба на поглаварот г.г Стефан
-

„Розев пикник појадок“ за кревање на свеста за ракот на дојка
-

Постојаните осцилации на езерото негативни за живиот свет
-

165 шумски пожари годинава, штетите проценети на 10 милиони евра
-

Каранфилова Пановска: Бараме дополнителни 10 денари за килограм ориз
