-->
-->
Осум години во континуитет македонскиот туристички производ на саемот во Белград
-->
Македонските дестинации и оваа година, осма по ред, беа промовирани на Меѓународниот саем за туризам (ITF) во Белград.
Како што соопшти Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на РМ (АППТРМ) која го организираше учеството, на Саемот се остварени и нови контакти со оператори кои сакаат да ја вклучат Македонија во својата понуда.
Атрактивните и богати со понуда македонски дестинации, информира АППТРМ, ги претставија претставници од приватниот туристички сектор.
- Континуирано остваруваме средби со нашите долгогодишни партнери со кои ја одржуваме меѓусебната соработка. Остварени се и нови контакти, со Asteria travel и Balkan Break, кои сакаат да ја вметнат Македонија во нивната туристичка понуда, наведува Агенцијата.
Според АППТРМ, македонскиот туристички производ е веќе препознатлив на српскиот туристички пазар. Тоа го покажува растот од 31,52 отсто за туристички посети во последните четири години, со остварени 50.145 посети и 93.782 ноќевања во 2016 година. Српските туристи најмногу го посетуваат Југозападниот и Југоисточниот регион, а нешто помалку Вардарскиот.
На саемот што се одржа од 23 до 26 овој месец, имаше 11.000 излагачи, 75.000 посетители и потенцијални туристи. - Штандот на Македонија со традиционалните македонски продукти и препознатливи туристички дестинации беше во сала со сите странските излагачи, информира Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Бернар Арно прв на листата на најбогати луѓе во светот, Маск на третото место
-
Драма во Кавадарци: 18-годишник нападнал полицајци кои се обидувале да приведат побегнат затвореник
-
Меси се запиша во историјата на МЛС лигата – Гол и пет асистенции
-
Австралиската полиција уби тинејџер поради напад кој укажува на тероризам
-
Одбележување на 5 Maj - Денот на македонскиот јазик
-
Православните верници го слават Велигден
-
ЦУК: Имаше пожар во Домот за стари лица во Банско
-
Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби