Осуда на сквернавењето на христијанските гробишта во Камник

Комисијата за односи со верските заедници најостро го осудува вандалскиот чин на сквернавење на христијанските гробишта во Камник, Скопско. Изразуваме сочувство до семејствата чии најмили почиваат на овие гробишта, а го споделуваме немирот и револтот по овој нечовечки акт.
Комисијата за односи со верските заедници упатува јавен апел до органите на прогонот да ги преземат сите потребни дејствија за поскоро откривање на сторителите, за истите да бидат најостро санкционирани од правосудните органи.
Изразуваме задоволство од реакцијата на АД Бутел, кое како одговорно правно лице најавува санирање на сите штети врз 62 та гроба на свој трошок, како и од најавата која ја добивме од градоначалникот на општина Гази Баба дека ќе се преземат работи за поставување на видео надзор кој би превенирал повторување на кривичното дело.
Ново на Сител
-

Големиот пожар кај Струмица е ставен под контрола
-

Сиљановска-Давкова ги додели наградите на победниците на 39. Охридски пливачки маратон
-

Ангелов: Ова е еден од најтешките денови, активни се над 15 пожари на отворен простор
-

Во гаснењето на пожарот кај Струмица се вклучи и еден ер трактор
-

Ѓорѓиевски: Запуштениот тревник на плоштад ,,Македонија” станува мала зелена оаза
-

СВР Скопје и ДЗС со превентивна акција за заштита од пожари во Чучер Сандево
-

Уште еден смртен случај од западнонилска треска, вкупно пет починати досега
-

Кривична пријава против Латвиец за криумчарење мигранти
