ОСТЕН ‐ Биенале на цртеж Скопје 2016 ќе ги додели наградите

Со ревијална изложба на повеќе од 250 дела на уметници од 66 земји, вечер во Чифте амам завршува ОСТЕН ‐ Биенале на цртеж Скопје 2016.
ОСТЕН ќе ги додели и наградите и ќе го промовира каталогот на Биеналето на цртеж.
Главните награди за кои одлучуваат Бордот и Советот на амбасадори на ОСТЕН, се доделени на Тони Крег, Велика Британија/Германија, на кого му припадна Гран при за животно остварување, додека наградата Светско културно наследство му е псоветена на Салвадор Дали.
Во соработка со Светската асоцијација на визуелните уметности, наградата Уметник на светот им се доделува на Јиржи Андерле од Чешка и на Родољуб Анастасов од Македонија.
На вечерашниот настан ќе бидат врачени и наградите за цртеж, сликарство на хартија, графика, оригинално дело, млад уметник, Златен Остен, како и посебните награди и признанија.
На годинашното издание на Биеналето на цртеж пристигнаа пријави од 690 автори од 66 земји од светот со 2.240 дела.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Стојанче Ангелов
-

Нов раст на болни во Гостивар
-

Отворен комплексот „Futura 2“ на ELENA LUKA HOME - Ново поглавје во современото домување
-

Нов раст на болни во Гостивар
-

Власта и опозицијата и натаму со обвинувања за епидемијата во Гостивар
-

УХМР најавува ново невреме
-

Утре повисоки цени на горивата, Регулаторна ќе ја објави и новата цена на парното
-

63 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје
