Оставката на Јанева не го одложи судењето за „Титаник“

Случајот Титаник на СЈО за изборни нерегуларности продолжи со изведување на писмени докази. Застапник на обвинението е Лиле Стефанова, Обвинителката од СЈО чие име се споменува во снимките од случајот „Рекет".
На почеток на денешното судење, адвокатот Петар Василев побара одложување на рочиштето. Како што рече, новонастанатата ситуација и сите постапки се доволна причина да се одложи расправата.
-Да им се даде можност на предметот и правдата, додаде Василев.
Барањето не го прифати судијата Осман Шабани, кој рече дека во судницата се разговара за предмет на друго обвинителство за работи претходно се случувале. Шабани не го одложи рочиштето ниту поради оставката на специјалната обвинителка Катица Јанева.
- Оставката е најавена и условена ама не е констатирана, истакна судијата Шабани.
На денешното рочиште, Обвинителката Стефанова продолжи со презентирање на писмените докази чиј број е над 5 илјади.
Во Титаник обвинети се 21 лице, меѓу Нив и највисокото раководство на ВМРО-ДПМНЕ, Екс премиерот Никола Груевски, поранешната министерка Гордана Јанкуловска, Генералниот секретар на Владата Кирил Божиновски, пратеникот Илија Димовски.
Обвинети се за изборни нерегуларности и незаконско финансирање на кампањи во неколку изборни циклуси.
До крајот на неделава, за овој предмет се закажани уште две рочишта.
Зоран Јаневски
Ново на Сител
-

Мицкоски објави специјално видео за независноста, Филипче тврди дека се слават успесите на СДСМ
-

ВМРО-ДПМНЕ: Згрозени сме од политичката некултура
-

Трамп: Подготвени сме да го зголемиме економскиот притисок врз Иран
-

Во текот на изминатото деноноќие приведени 15 лица безобѕирно управување моторно возило
-

Расчистено разбојништво од почетокот на јули во скопско, приведени две лица
-

Маратонецот Ивановски единствен македонски атлетичар на ЕП во Бирмингем
-

Подобрена состојбата на пациентот транспортиран од Турција, лекарите апелираат на внимателност при скокови во вода
-

35 години независност на Македонија - објавено видео пред вечерашниот музичко-сценски спектакл во Охрид
