Оставка на Шиповиќ: Превирања во СДСМ Центар

Врие во СДСМ Центар во пресрет на локалните избори. Претседавачот со Советот на Општина Центар, Мирислав Шиповиќ, си поднел оставка, пишува Пресс 24.
Советот оставката треба да ја констатира на следната седница идната недела. Во оставката е наведено дека се поднесува од лични причини. Но на својот Фејсбук прифил Шиповиќ веќе отворено го критикува работењето на актуелниот градоначалник Андреј Жерновски.
“Се замолуваат граѓаните на општина Центар во следните недели да не го тражат градоначалникот за да не му прават трошоци во роаминг”, напиша Шиповиќ на 25ти март.

“Јавно го прашувам градоначалникот по кој член и од кој закон ја стопиравме изградбата на улицата на Кеј? Тој викенд во Истанбул беше кога ги спремавме документите” , изјави Шиповиќ.

Дневник денеска пишува и дека градоначалникот Жерновски нема да ја добие поддршката на ЛДП за локалните избори.
Инаку, Дневник веќе ги објави кандидатите за градоначалник на Центар, Андреј Жерновски, како и Софија Куновска.
Потоа, кандидатура поднесе и поранешниот пратеник Јани Макрадули.
Ново на Сител
-

Со „Безбеден град“ ќе се намалат прекршоците
-

209 милиони денари за изградба на дом за стари лица во Кочани
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Горан Минчев, министер за јавна администрација
-

Преглед на вестите од светот
-

Киднапирање во центарот на Белград: Македонскиот пејач Даниел Кајмакоски спасен, напаѓачите во бегство
-

Мицкоски очекува заплена од над 100 тони марихуана
-

Заев се јави за обвинувањата за нелегална марихуана - ВМРО-ДПМНЕ не отстапува од кажаното
