Осомничениот за пукањето пред Белата куќа ќе биде обвинет за убиство од прв степен

Министерството за правда на САД ќе покрене обвинение за убиство од прв степен против Авганистанецот осомничен за пукањето и убиството на припадник на Националната гарда, како и за ранување на друг припадник на гардата, изјави денеска обвинителката од Вашингтон, Џанин Пиро.
Британските медиуми јавија дека таа вчера изјави дека осомничениот ќе биде обвинет по три точки за напад со намера за убиство, како и по три точки за поседување огнено оружје за време на насилен напад.
Припадничката на Националната гарда, Сара Бекстром (20), денеска почина од повредите здобиелни во нападот, додека нејзиниот колега Ендру Волф (24) е во критична состојба.
Напаѓачот врз припадниците на Националната гарда во Вашингтон, авганистанскиот државјанин Рахманула Лаханвал (29), добил американски азил во текот на оваа година, за време на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, покажуваат документите на американската Влада што ги видел Ројтерс.
Според документот, Лаканвал влегол во САД на 8 септември 2021 година, како дел од програмата за преселување „Добредојдовте сојузници“ што ја започна поранешниот демократски претседател Џо Бајден по повлекувањето на американските трупи од Авганистан претходниот месец, но тој аплицирал за азил во декември 2024 година и му бил одобрен на 23 април оваа година, три месеци откако Трамп ја презеде функцијата.
Напаѓачот од Националната гарда, кој живеел во државата Вашингтон, немал познато криминално минато, рече функционерот.
Во владиното досие за Лаканвал се наведува дека САД го провериле за неговата работа со партнерите на американската Влада за време на војната во Авганистан и не пронашле потенцијално дисквалификувачки информации.
МИА
Ново на Сител
-

Истрага за убиство при семејно насилство во Битола
-

Убедлива победа за македонските ракометари на гостувањето кај Словачка
-

Поранешен директор на ЦИА предупредува дека војната со Иран може да трае со месеци
-

Рубио: Не е променета политиката на САД кон Тајван
-

Хрватска доби заем од ЕУ во вредност од 1,7 милијарди евра наменет за модернизација на одбраната
-

Во Белград уапсен возач осомничен за обид за убиство при пробивање студентска блокада
-

Меѓаши: Ниту едно дете не смее да чека инцидент за да биде заштитено, над 8.000 ученици дел од активности за побезбедни училишта
-

Путин набрзо ќе ја посети Кина
