Осомничениот работник за убиството на холанѓанецот доби притвор
Триесет дена притвор доби С.Р (49) од тетовско Јанчиште, осомничен за убиство на холанѓанецот Јос. М (59), сопственик на расадникот „Еуроплантс“ во тетовско Прељубиште, информираат од СВР Тетово.
По вчерашниот настан, С.Р. кој би вработен во расадникот бил лишен од слобода, а по извршениот увид и разговор со него во полициска станица, СВР Тетово до обвинителството достави кривична пријава за убиство.
-Со соодветен поднесок во Основен суд Тетово, осомничениот е изведен пред судија во претходна постапка кој му одредил мерка притвор од времетрање од 30 денови, соопшти денеска СВР Тетово.
Според првичните податоци од увидот на местото и разговор со вработените, на убиството му претходела расправија и физичка пресметка. Работникот со камен неколку пати го удрел и го усмртил сопственикот на расадникот.
Холандскиот државјанин пред десетина години,како концесионер на имотот на агрокомбинатот Борец ја започнал работата на расадникот „Еуроплантс“.
Според информациите објавени на интернет страницат на Еуроплантс“ на површина од 375 хектари се одгледуваат разни декоративни и украсни дрвца кои се продаваат низ целиот свет. а
Ново на Сител
-
Влада: Уставните измените со одложено дејство се се уште во игра
-
Мицкоски: Сакаме да биде конструктивни но не плашат билатералните прашања
-
Италија сè уште ги признава само возачките дозволи со „Република Македонија“
-
Коцевски демантира дека вршел притисок врз обвинители
-
СДСМ предлага минималец од 450 евра, ВМРО-ДПМНЕ најде грешки во пресметката, реагираше и ССМ
-
Единствен регионален пазар – придобивки и предизвици
-
Преглед на вестите од светот
-
Филипче: Минимална плата 27.700 денари