Свет
20. December 2016 - 11:34

Осомничениот напаѓач во Берлин е 23-годишен Пакистанец

Осомничениот извршител на нападот во Берлин е 23-годишниот Пакистанец, Невед Б., објавио германскиот весник „Велт“.

Во исто време германски специјални сили извршија претрес во Центарот за бегалци, кој се наоѓа во затворениот берлински аеродром Темпелсхоф. Испрашани се  четири млади лица, сместени во Центарот за бегалци.

Засега властите не коментираат дали претресот во Центарот за бегалци е поврзан со нападот божикен базар.