Основните училишта во општина Новаци подготвени за новата учебна година
Основните училишта во општина Новаци подготвени се за стартот на новата учебна година. Според градоначалникот Лазар Котевски, реконструирани се повеќе училишта, уредени се дворните места, а во ЦОУ „Славко Лумбарковски“-Новаци, за прв пат по подолго време ќе учат 26 првачиња.
- Новата учебна година започнува в понеделник, на 4 септември, а во општина Новаци привршуваат последните подготовки околу средување на училиштата, дворните места и просториите за изведување на настава. Ги средуваме училниците, варосуваме, ставаме нов мебел. Во централното основно училиште „Славко Лумбарковски“ за прв пат школувањето ќе го почнат 26 првачиња, истакна Котевски.
Од општина Новаци информираат дека деновиве се врши расчистување на просторот и отстранување на стариот руиниран објект во дворот на ЦОУ „Славко Лумбарковски“-Новаци, и на негово место ќе се гради еколошко едукативен парк за настава во природа т.е. еко паркче.
- Во завршна фаза се и подготовките за старт на новата воспитно учебна година во Центарот за ран детски развој „Бамби“ во Новаци за кој е во тек е постапка за пренамена во детска градинка, потврди Котевски.
Ново на Сител
-
Шест измами за наводни сообраќајни несреќи во Куманово од почетокот на годинава
-
Кривична за велешанец кој провалил во куќа и украл пари и мобилен телефон
-
Сообраќајна несреќа на патот Битола - Прилеп, повредени 5 лица
-
Николоски: Трасирањето на Коридор 8 е надлежност на Бехтел и Енка, за проблемите Владата праќа молби до нив
-
Мицкоски очекува зајакнување на односите со Берлин по победата на ЦДУ/ЦСУ
-
Битиќи: Владејачкото мнозинство ги одби законите за намалување на ДДВ на струја и храна
-
Некои од ланците, за жал одлучуваат да водат политичка борба против политичка влада, порача премиерот
-
Таравари: Процесот на реновирање на хируршките сали и на КАРИЛ ќе се одвива координирано и пациентите нема да трпат