Основен суд за СЈО: Бараат определување мерки по непостоечки членови од закон
СЈО не го познава законот и постапува непрофесионално, реагира скопскиот кривичен суд. Во соопштение испратено попладнево од судот велат дека Јанева бара блокирање на трансакциски сметки на осомничено лице, без при тоа да наведе за кои сметки станува збор и во кои банки се отворени. Истовремено од судот велат дека Обвинтиеслтвото не го познава ниту законот за кривична постапка, па при поднесувањето на барања се повикуваат на одредби кои воопшто не постојат во наведените членови од законот.
„По јавните прозивки на квази експерти и „професионалци“ во нивното „професионално работење“ и гостување по најразлични телевизиски шоуа го претворија правосудниот систем во шоу парада, а истите Основниот суд Скопје 1 - Скопје со своето „длабоко незнаење“ го претставуваат дека има двојни аршини. За двојните аршини на СЈО и квази експертите сама нека процени јавност зошто судот ваквиот предлог и сите предлози доставени од нивна страна дури по три пати ги враќа на нивна корекција како би можел да одлучи.“ – стои во писменото соопштение на Судот
Ново на Сител
-
Утре сончево со умерена облачност, попладне со дожд и грмежи
-
Уапсен е врховниот судија Наке Георгиев поради поткуп
-
Откако не му дале пари, со нож се заканил на својот татко дека ќе го убие
-
Сапунот од кокос - благотворен против комарци
-
Таткото на осомничениот за убиството на Данка Илиќ излегува на слобода
-
Касами: Добро оди целата процедура за договорање на следната влада
-
Внимавајте: Се шири линк до лажна веб страна на Владата која краде податоци за кредитни картички
-
Националниот ден на Власите - 23 Мај, неработен за припадници на влашката заедница