Македонија
18. November 2015 - 17:26

Основен суд Скопје 1: Потврдено обвинението против З.З. за „Примање поткуп“

Советот за оценка при Основниот суд Скопје 1 – Скопје го потврди обвинителниот акт поднесен од Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција КО.бр.66/15 против осомниченото лице З.З. од Струмица за кривичното дело „Примање поткуп“ од чл.357 ст.5 в.в со чл.357  ст.1 и 2 од КЗ, соопшти денеска основниот суд Скопје 1.

- По одржаното јавно рочиште за оценка на обвинителниот акт на 01.07.2015 година, како и по детална анализа на сите приговори поднесени од страна на одбраната, по ценењето на фактите и доказите приложени во обвинителниот акт, Советот го одобри во целост, додека приговорите на одбраната ги одби како неосновани. Предметот ќе биде распределен кај судечки судија од Одделението за организаран криминал и корупција, кој треба да работи на него за што јавноста ќе биде дополнително информирана, се вели во соопштението од Судот.