Основци од Куманово ги посетија старите лица во домот „Зафир Сајто“
Стотина ученици од прво до петто одделение со мешан етнички состав од кумановското основно училиште „Толи Зордумис“ денеска го посетија домот за стари лица „Зафир Сајто“ по повод празникот Велигден.
Со дарување бојадисани јајца кои самите ги изработиле и со изведба на културно-уметничка приредба учениците беа меѓу првите коишто им ги честитаа велигденските празници на корисниците на услугите на оваа установа.
- Со учениците од основното и подрачното училиште од Режановце во мултиетнички состав подготвивме мала приредба. Децата вапсаа јајца, нивна лична изработка, за на овие стари лица да им го честитаат празникот и да им внесат малку радост, среќа, да им посакаат добро здравје и долг живот. Програмата се состоеше од рецитали, ритмички игри, традиционални игри и песни, игри, смеа, забава, со што внесовме позитвна атмосфера во овој дом, изјави Александра Грубор, наставник во ООУ „Толи Зордумис“.
Корисниците на услугите на домот за стари лица со задоволство ги очекуваат празниците бидејќи знаат дека за сите поголеми празници доаѓаат учениците да им ги честитаат празниците со соодветна програма.
- Секогаш е прекрасно кога најмладите им го честитаат овој празник на највозрасните кумановци. Внесуваат радост, ги потсетуваат на деновите кога тие биле млади, кога се подготвувале како домаќинки за овој празник, изјави Росица Митиќ, социјален работник од Дом за стари лица „Зафир Сајто“.
Ново на Сител
-
ЦУК: Активни четири пожари, 15 изгаснати, еден ставен под контрола
-
Во Норвешка, речиси секој нов автомобил е електричен
-
Татко ми ме учеше на македонштина | Дамјан Стојановски | ПРОфесија | Sitel Podcast 104
-
Влада: Ќе се основа Мултифункционален научно-технолошки парк
-
Германската царина откри 1.500 тарантули криумчарени во колачи
-
Јавниот повик за прием на 400 пожарникари завршува во четврток, најдобрите ќе бидат дел од новата специјална единица на ДЗС
-
ЦУК: Активни шест пожари, изгаснати три
-
Алкалоид против Хановер во баражот за групната фаза во Лига Европа