-->
-->
Осмоодделенец со месеци трпел хорор во училиште - Му кршеле прсти и го терале да пие урина
-->
Вистински хорор осмоодделенец со месеци поминувал во училиште во Нови Сад, откако четири насилници од училиштето З.М Д.Р: Б.К. и Џ.Б. со месеци го тепале, малтретирале, и приморувале да пие урина. За српскиот Блиц, огорчената мајка на момчето вели дека тоа поминало низ ужасна тортура од соучениците.
Насилниците го тепале, го приморувале да пие урина, му ги гмечеле прстите, а сето тоа го снимале и објавувале на Јутјуб. Мајката за голготата низ која поминува нејзиното дете, чиј идентитет поради чувствителноста на настанот не се открива, дознала пред седум дена и веднаш превзела мерки.
- Го тепале со ремени и со раце. Ме викнаа во школото, а таму имаше и полиција и Итна помош. Не можев да си дојдам на себе. Имаше модринки, нагмечен прст, плачеше, а потоа ми призна што му прават соучениците, иако прво ми рече дека прстот го повредил на часот по физичка култура, вели мајката за српскиот портал. Тие на момчето му се заканувале со ножеви и запалки ако каже некому.
Од ударите малолетникот се здобил со хематоми на рацете и нозете. Мајката е шокирана и од тоа што се случувало и од тоа што сите деца молчеле, па дури и снимале и објавувале на Јутјуб.
Мајката се жали и на наставниците бидејќи во школото има видео надзор. Таа е огорчена како некој можел да премолчи ваква тортура на дете. Насилниците уринирале во шише па го присилувале детето да пие пред нив.
Таа вели дека сите ќе сносат последици. Случајот е пријавен.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Брнабиќ: Во следните 48 часа ќе има седница на која Вучевиќ ќе предложи министри за новата влада
-
Две лица се повредени во пожар во фабрика за ракетни погонски системи во близина на Белград
-
Кина испрати воени авиони кон Тајван откако американскиот државен секретар го напушти Пекинг
-
Мотоциклист излетал од патот и удрил во паркирано возило
-
Милановиќ: Хрватска е дното на ЕУ, Бугарија е единствено полоша
-
Судење на Трамп: Издавач на таблоид призна дека ја „закопал“ приказната за аферата со моделот на Плејбој
-
Гир: Првиот круг од изборите мина генерално мирно и демократски
-
Пронајдено е 76-годишното лице во кавадаречко по кое се трагаше од вчера