Османи: Законот за јазиците пред пратениците на 13 септември, очекуваме поддршка од сите политички партии
Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи денеска изјави дека очекува Законот за употреба на јазиците, кој со европско знаменце е доставен до Собранието, да се најде пред пратениците на 13 септември и да добие поддршка од сите политички партии.
- Нашите информации се дека ќе биде ставен на дневен ред некаде на 13 септември и очекуваме брзо да се усвои бидејќи законот е со европско знаменце. Тука процедурите се дефинирани. Очекуваме и повикуваме сите политички партии да гласаат позитивно за овој закон бидејќи сметам дека така на најдобар начин ќе направиме големо унапредување во делот на Рамковниот договор кој е одобрен и потпишан од сите политички партии меѓутоа и ќе покажеме волја за соживот и прифаќање на различностите, изјави вицепремиерот Бујар Османи, одговарајќи на новинарско прашање пред почетокот на седницата на Работниот комитет за европски интеграции.
Ново на Сител
-
Макроекономска и буџетска состојба на Еврозоната теми на средбата на Еврогрупата
-
Работни групи на ВМРО-ДПМНЕ и Вреди на преговори за идната влада
-
Народната банка ќе ги објави пролетните макроекономски проекции
-
Во Косово од денеска само евра, измина преодниот рок што го одреди Централната банка за динарите
-
Факти за Андреј Белоусов, новиот руски министер за одбрана
-
Денеска средба Ердоган – Мицотакис во Анкара
-
Променливо облачно и сончево, попладне услови за дожд и грмежи
-
Состојба на патишта