Османи за ТВ „Антена“: Мислам дека му доаѓа крајот на спорот со името
Постои взаемно прифатливо решение, мислам дека сме стигнати до крајот на проблемот, вели македонскиот вицепремиер за евроинтеграции Бујар Османи во интервјуто за грчката ТВ Антена.
Кусо по вчерашните средби со неговите домаќини, Никос Коѕијас и Јоргос Катругалос, јавува дописникот на МИА од Атина, Османи, говорејќи за телевизијата објаснува дека проблемот со името освен што ја блокира евро-атлантската перспектива на Македонија, претставува пречка и за билатерална соработка.
- Мислам дека му доаѓа крајот на овој спор. Нам ни одзеде 25 години можност за соработка, за размена и развој. Сега е време да го затвориме, без штети и земајќи ја предвид чувствителноста на двете страни за прашањето. Постои решение што е взаемно прифатливо, а без да се нападнат најчувствителните вредности што двете страни ги имаат во ова прашање, вели Османи за „Антена“, пренесува МИА.
Во интервјуто потенцира дека во Атина, ја пренел пораката дека владата е посветена на изнаоѓање решение.
- Овој спор трае многу долго, ја блокира перспективата на мојата земја за интеграција во НАТО и ЕУ, а НАТО и ЕУ се од витално значење за иднината на граѓаните, објаснува Османи.
Тој, исто како и во изјавите за медиумите по средбите, така и за грчката телевизија „Антена“, во однос на написите во медиумите за името „Нова Македонија“ како можно решение, вели дека сѐ уште не е стигнато до таа фаза за да се разговара за конкретни предлози.
- Ние сега зборуваме за методите за пристапот, за чувствителноста на проблемот и за создавање позитивни контакти и за некои чекори што во меѓувреме треба да се направат за да се постигне тој моментум на зрелост, за да можеме да го затвориме спорот, коментира вицепремиерот.
Во однос на тоа дали ќе се распише референдумот во Македонија, Османи за „Антена“, го повторува и она што вчера го изјави за МИА, дека во оваа фаза треба да се фокусираме на изнаоѓање решение, а референдумот да го оставиме за подоцна.
Ново на Сител
-
Македонците од Албанија бараат помош од државата за справување со бугарската пропаганда
-
Тема на денот со Васил Стерјовски
-
Амнестирани обвинетите во случајот „Организатори на 27 април“
-
Рокас: Интензивирани се дипломатските активности, власта да ја спроведе реформската агенда, а ние сме тука да асистираме
-
Посетата на Мицкоски на САД – за ВМРО-ДПМНЕ државен успех, за СДСМ евтина ПР фарса
-
Ахмети со скандалозна изјава од Чашка - Македонците според него зборуваат на бугарски јазик
-
Додека болните чекаат терапија, политичките партии се препукуваат за Онкологија
-
Унгарскиот заем наскоро ќе биде достапен за фирмите