Османи врши мониторинг на проектите финансирани од ИПА-фондовите
Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи, објави видео на неговиот Фејсбук профил во кое наведува дека врши проверка на имплементацијата на проектите кои се спроведуваат со средства од ИПА-програмата.
На видеото на неговиот Фејсбук профил е прикажано како првиот човек на Секретаријатот за европски прашања спроведува мониторинг на новоизградениот царински терминал на граничниот премин Северна Македонија – Албанија.
Османи во видеото вели дека околу 1,2 милијарди евра даночните обврзници на Европската Унија ги даваат како неповратни средства за Северна Македонија од 2007 до 2020 за конкретни проекти што ќе ги изградат институциите, но и ќе го трансформираат општеството во европско општество.
– Како национален координатор за овие средства од ЕУ, мојата улога е да ги програмирам, да ги мониторирам и да ги надгледувам проектите кои се имплементирани преку овие средства. Денеска сум во Струга, Ќафасан, за да мониторирам и да извршам надзор на еден значаен проект на изградба на царински терминал на граничниот премин Северна Македонија – Албанија изграден токму со овие средства, со околу еден милион евра од ИПА-средствата создаваме услови за еден современ стоп шоп меѓу Северна Македонија и Албанија, посочи вицепремиерот за европски прашања.
Ново на Сител
-

Пожар во индустриска зона во ОАЕ по напад со дрон од иранско производство
-

Сиљановска-Давкова на панел со Макрон и Мелони: Европската интеграција на Западен Балкан е предуслов за ефикасна борба против трговијата со дрога
-

Муцунски: Во тек разговори со земји членки на ЕУ за летните гранични метежи
-

Владата ја почна кампањата „Мај - месец на Европа“ во соработка со европските партнери
-

Јаневска: Испративме допис до училиштата на големите и малите одмори да има дежурен наставник
-

Станков: Кај 33 жртви од „Пулс“ пронајден цијанид – но не е причина за смртта
-

Чупиќ: Во оваа сала е многу тешко да се игра, сите не почитуваат
-

Работник тешко повреден од струен удар во Куманово

