Османи во својство на претседавач со ОБСЕ во Украина, на агендата средби со државниот врв
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи во својство на претседавач со ОБСЕ денеска ќе престојува во работна посета на Украина. Посетата на Украина, соопштија од МНР, е во рамки на остварувањето на една од главните заложби од Програмата на Претседавањето на Северна Македонија со ОБСЕ во 2023 година.
- За ОБСЕ, како најголема регионална безбедносна организација во светот, Украина и нејзиниот народ се на врвот на агендата, стои во соопштението.
Османи во Киев, ќе оствари средби со државниот врв на Украина. Покрај средба, Османи со министерот за надворешни работи Дмитро Кулеба ќе одржи и заедничка прес-конференција. На агендата на Османи е и средба со претседателот на Врховната Рада на Украина, Руслан Стефанчук.
Во рамки на престојот во Украина, како што е најавено, Османи ќе оствари и неколку теренски посети за одблиску да се запознае со ситуацијата на терен, како и со потребите на граѓаните. Османи ќе го посети и Центарот за заштита на правата на децата, а ќе биде запознаен и со работата на единиците на Украинската служба за вонредни ситуации и процесот на деминирање на теренот.
- ОБСЕ Програмата за поддршка на Украина вклучува помош во повеќе области како што се хуманитарно деминирање, промоција на владеење на правото и ублажување на последователните еколошки и економски влијанија од воената агресија на Русија против Украина. Украина беше првата земја која Османи ја посети на почетокот на неговиот мандат како Претседавач со ОБСЕ во јануари оваа година. Втората посета доаѓа како продолжение и потврда на заложбите на ОБСЕ за помош на Украина и ублажување на последиците за луѓето од погодените подрачја предизвикани од руската воена агресија во Украина, и на влијанијата од неа врз поширокиот регион на ОБСЕ, информираат од МНР.
Ново на Сител
-
Поевтинуваат нафтените деривати од полноќ
-
70-годишен дедо два месеци силувал 13-годишно дете
-
Малолетник со остар предмет се заканувал на друг малолетник во Скопје
-
Кривична пријава против градоначалникот на Струга поради незаконско назначување директор на училиште
-
Откриени илегални мигранти во две возила управувани од турски државјани
-
Мисајловски: Само со стабилно финансирање ќе успееме да ги развиваме одбранбените способности
-
Мицкоски за писмото до ЕУ: Се уште правиме анализи, избрзани чекори се лош потег
-
Сомневањата за вмешаноста на таткото на Вања првично потекнаа од изјавите на Велибор и Боре, изјави сведок на судењето