Османи во посета на Хрватска

Билатералната соработка, европската перспектива на РМакедонија, како и хрватската поддршка на процесот на европска интеграција на земјата се темите за кои ќе разговараат вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи и хрватската министерка за надворешни работи и европски прашања, Марија Пејиновиќ Буриќ во Загреб.
Османи од денеска престојува во дводневна работна посета на Хрватска, соопшто неговиот кабинет.
Во текот на посетата Османи ќе оствари одвоени средби и со потпретседателот на Собранието на Хрватска, Жељко Рајнер, со претседателите на Комисијата за европски прашања и Комисијата за надворешна политика во Саборот, Домагој Иван Милошевиќ и Миро Ковач, каде ќе се отворат темите за регионалната соработка на земјите од Западниот Балкан во рамките на европските процеси, како и за европските перспективи на целиот регион.
На маргините од посетата на Загреб Османи ќе одржи и предавање на тема: New page for Macedonija: 2018 a credible elargement perspective“ во седиштето на Претставништвото на Европската Комисија во Загреб со заменик-шефот на Претставништвото, Милена Рашиќ.
Ново на Сител
-

Работниците на протест за поголеми плати
-

Тема на денот со Марко Трошановски, претседател на Институт за демократија
-

Преглед на вестите од светот
-

Поминаа измените на Кривичниот законик за членот 353, гласаше и СДСМ
-

ОЈО отвори предмет по ревизорски извештај за Општина Охрид
-

Имало пријави за судијата Ристов во Судскиот совет, но Камбовски не се сеќава на наводи за мито
-

Секој втор функционер кој има фирма ја сокрил сопственоста од институциите
-

Над 70 проценти од граѓаните подржуваат членство во ЕУ
