Османи во посета и на базната станица во Бон, од денеска зајакната и со мобилна станица за патни исправи
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи во рамки на престојот во Германија, денес, го посети Конзуларното одделение во Бон, каде што покрај другите конзуларни услуги за нашите државјани, преку базната станица се врши сликање и земање на биометриски податоци за издавање на патни исправи.
Како сите други дипломатски конзуларни претставништва и во Бон е реорганизирана работата во делот на конзуларните услуги, со цел излегување во пресрет на интересите и потребите на нашите граѓани кои живеат и работат во странство.
“Од Минхен дојдов во Бон, како прв министер за надворешни работи на Северна Македонија што некогаш ја посетил најпрометната конзуларна единица на нашата држава. Тука од денеска ставивме во функција и дополнителна мобилна станица за фотографирање и земање на биометриски податоци за издавање на патни исправи, со што се обидуваме да им излеземе во пресрет на граѓаните со два пункта, во две смени и за време на викенд. Се надевам дека оваа реорганизација значително ќе го скрати чекањето”, рече министерот во разговорот со нашите граѓани кои чекаа ред за сликање и земање пасоши во Бон, додавајќи дека ова е период кога сите ние ќе се посветиме за соочување со овој предизвик наметнат од енормното зголемување на барањата за конзуларни услуги особено во делот на патните исправи.
Од денес во Бон освен базната станица ставена е во функција и мобилна станица со цел да се скрати чекањето на нашите граѓани и да се процесуират што побрзо барањата за патни исправи.
Ново на Сител
-
Несими останува тетовски муфтија
-
Врховната Рада на Украина усвои закон за воена служба по договор за странци
-
ЛШ: Интер без Димарко и Арнаутовиќ против Манчестер Сити
-
Хезболах го обвинува Израел за експлозиите во Либан, расте бројот на загинати
-
Функционерските таблички во различна боја
-
Осум загинати, 2.750 повредени по експлозиите на пејџери низ Либан
-
Османи: Барањата на Вучиќ не треба да се сфатат сериозно, тој не сака Србите да се вратат во косовските институции
-
Петковиќ: Бислими одби трилатерална средба во Брисел