Османи: Унгарија е заинтересирана за успех на европските перспективи на Северна Македонија

Како непосреден сосед на Западниот Балкан, Република Унгарија има директен интерес од европските перспективи на регионот, создавајќи стабилно окружување и во поширокиот дел на источна и југоисточна Европа, како основа за остварување на долгорочна безбедност и стабилност на целиот континент, истакна вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи на денешната средба со унгарскиот министер за надворешни работи и трговија Петер Сијарто во Будимпешта.
Како што соопштуваат од Секретаријатот за европски прашања (СЕП), Османи на средбата го посочи стартот на преговорите со ЕУ како суштински елемент не само за европските перспективи на државата, туку како јасен сигнал за европските перспективи на сите земји од Западниот Балкан кои ќе покажат соодветен напредок согласно европските препораки.
– Исклучително ја цениме досегашната поддршка од страна на Република Унгарија, не само во рамките на европските интеграции на земјава, туку и воопшто, за севкупниот развој, и во политичка и економска смисла, истакна Османи, упатувајќи благодарност до министерот Сијарто за поддршката од страна на Унгарија за време на кризата со поплавите во земјата, како и активното учество во рамките на заедничките погранични патроли на јужната граница.
На средбата беа отворени и останатите теми кои ги поврзуваат двете земји, при што беше констатирана успешната и пријателска соработка за која соговорниците изразија надеж дека ќе се задржи и унапреди во периодот што претстои.
Во рамките на работната посета на Унгарија, Османи претходно оствари средба и со Саболч Такач, државен министер за европски работи при канцеларијата на премиерот и претставник на Република Унгарија во Европската Унија, каде централна тема беше поддршката на Унгарија во пресрет на претстојните самити на Европската Унија.
Ново на Сител
-

Во Женева заврши првиот ден од преговорите меѓу Русија, САД и Украина
-

Тројца загинати во експлозија во зграда на руската воена полиција
-

Зеленски: Досега од Русија се вратени 2.000 украински деца
-

Укината забраната за сообраќај на камиони на патот Гостивар - Стража - Кичево
-

ФИФА загрижена поради слабиот интерес за Светското првенство 2026
-

Зголемени производството и продажбата на шумски сортименти во државните шуми
-

Врнежи од снег со послаб интензитет на Пониква, магла до 150 метри на Пресека
-

Судот го одби барањето за укинување на притворот на обвинетите Васев и Нухи во „Онкологија 2“
