-->
-->
Османи-Тимоние: Поддршка од Франција за европерспективите на Македонија
-->

Вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи денеска се сретна со францускиот амбасадор Кристијан Тимоние, по повод потпишувањето на писмото, со кое, техничкиот експерт од Франција, Франсоа Лафонд и формално стана дел од тимот на Секретаријатот за европски прашања.
Османи, како што соопштија од Секретаријатот за европски прашања, се заблагодарил на искрената поддршка од страна на Франција за Република Македонија, потенцирајќи ја улогата на Франција, како многу важна земја членка на Унијата, во зацврстувањето на политиката на проширување на Европската унија со земјите од Западниот Балкан.
- Франција е една од клучните политички фактори во рамките на Европската унија и нејзината улога во процесот на проширување има фундаментално значење за успешност на процесот, истакнал Османи на средбата.
За време на средбата вицепремиерот Османи се осврнал и на новите потенцијали согласно пораките содржани во новата Стратегијата на Европската комисија за проширување со земјите од Западниот Балкан до 2025 година притоа, потенцирајќи дека таа претставува една од најважните инцијативи на Европската комисија за овој регион, затоа што, како што рекол, директно покажува дека Европската унија го враќа фокусот на регионот, а процесот на проширување со земјите од Западниот Балкан - повторно високо на агендата на Европската Унија.
- Стратегијата го валоризираше напредокот што како Влада го постигнавме изминатиов период, но и отвори огромна можност за нашите европски перспективи во периодот што следи, за чии успех очекувам придонес и од Франсоа Оланд, истакнал вицепремиерот Османи на средбата со Тимоние.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Мицкоски: Буџетот е во одлична кондиција, остануваме држава со најевтини горива
-

Вицепремиерот Арбен Фетаи поднесе оставка
-

Во мај констатирани се 28.494 сообраќајни прекршоци преку системот „Безбеден град“
-

Мицкоски од МЕФ: Предизвиците во енергетската криза да ги претвориме во можност
-

Условна казна затвор за владиниот обезбедувач кој призна вина за семејно насилство врз сопругата
-

Алиу: Отворен Центар за третман на дебелина кај децата на Детската клиника
-

Ѓорѓиевски: Темелна реконструкција на улица „Загребска“ и изградба на потпорен ѕид
-

Над 16 илјади казни за еден месец, најмногу за брзо возење, одземени 238 возила
