Македонија
26. March 2020 - 13:19

Османи: Со помошта од ЕУ и меѓународните донатори засега ќе се набават 55 респиратори

Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи денеска на прес-конфернеција соопшти дека согласно потребите на земјата за справување со пандемијата од коронавирусот од ЕУ и помошта од меѓународните донатори ќе бидат обезбедени средства за поддршка на буџетот како и 55 аспиратори за Клиниката на инфективни болести и други потребни материјали. Ова е првична помош, која се очекува да се зголеми во наредниот период.

Како национален координатор за странска помош, СЕП рече тој, минатата недела формираше работна група од претставници на институциите како едно централно тело, во кое се собираат сите приоритети и потреби од страна на институциите во комуникција со меѓународните донатори.  При тоа првично е направена листата од 89 артикли за потребите на Инфективната клиника за проектирана состојба од 2.000 пациенти кои би имале потреба за лекување на Клиниката.

Направени се и три дополнителни листи за пет институции и тоа за Министерството за здравство, за МВР, МО, ЦУК и ДЗС и тоа за потреби за еден месец, меѓу 1 – 3 и за 3- 6 месеци. Паралелно е формирано координативно тело на агенциите на ОН со Делегацијата на ЕУ и претставниците на нашето координативно тело кое на дневна основа ги централизираат потребите на институциите како и можностите на донаторите за обезбедување на потребите на институциите…

-Досега обезбедени се 25 респиратори преку средства на Норвешката амбасада, преку Агенција на ОН, тие се во моментот во депо во Турција и се разговара како да се транспортитаат во отежнати зимски услови во земјата за потребите на Инфективната клиника, рече Османи при што се разгледуваат опции за заеднички транспорт со другите држави од регионот. Обезбедени се и 30 респиратори од Кина со средстава на ЕУ, од првите четири милиони кои ги безбеди Делегацијата на ЕУ, а ќе се купуваат преку УНДП. Се разговара како да се транспортираат тие во Скопје, рече Османи.

Османи посочи и дека НР Кина позитивно одговорила на наше барање за обезбедување на респиратори, но не може да се каже точната количина на респираторни машини кои ќе се добијат од билатералната соработка бидејќи, вели, во моментов 100 земји бараат исто. Воедно од Кинеската амбасада фондот кој што го има го насочила за набавка на материјали за справување со пандемијата.

Тој потсети дека еврокомесарот Вархеји информирал за одлуки на ЕУ со кои ќе и помогнат на земјава за борба поротив коронавирусот во вредност помеѓу 65 и 70 милиони евра (4 милиони евра за набавка на респиратори од Кина, 50 милиони ева кои земјата ги добила како награда за реформите ќе бидат пренасочени за олеснување на социоекономските ефекти од пандемијата, 9 милиони евра за програмата за поддршка на МСП и 3 милиони евра за поддршка на Буџетот.) Од Вархеји добиена е потврда дека се разгледува и можноста да имаме пристап до Европскиот солидарен фонд за справување со елементрани непогоди и пандемии, за што конечна потврда се очекува од Европскиот совет во текот на денов или утре. Фондот може да го користат земјите членки и земјите кои преговараат, а среќна околност е што добивме одлука за почеток на преговори со ЕУ со што добиваме право да имаме пристап до овој фонд.

-По првичниот шок од епидемијата со КОВИД 19 ЕУ почна да ги активира механизмите за заедничко делување и солидарност. Можеби некому тоа делува бавно, но реакцијата на ЕУ е навремена имајќи предвид дека ова се само првични активности  за поддршка кои со сигурност ќе се зголемуваат во периодот што претстои како од ЕУ така и во рамки на билатералната сораборка со земјите членки, нагласи Османи.