Османи: Сите страни да работат на деескалација на состојбите во Косово
Потребно е да се придржуваме до Патоказот на меѓународната заедница за деескалација, со потсетување дека Силите на НАТО во Косово (КФОР) имаат задача да овозможат безбедно и сигурно опкружување во северните косовски општини, објави шефот на дипломатијата Бујар Османи на Твитер.
- Во својство на министер за надворешни работи и претседавач на ОБСЕ разговарав со шефовите на дипломатиите на Србија и Косово. Го повторив мојот повик за итна деескалација во северните општини во Косово, наведе Османи во твитот.
Според него, од клучно значење е Србија да овозможи итен пристап приведените косовски полицајци и да ги ослободи.
- Клучно е сите страни да работат на мир и јас ги повикав да го сторат тоа! ОБСЕ понуди и е подготвен да помогне согласно потребите, додаде Османи.
Ново на Сител
-
Забрана за товарни возила на патот Гостивар – Стража
-
Облачно со повремени врнежи од дожд, на планините снег
-
Реакција на Фрчкоски по прес-конференцијата на Муцунски
-
Рогов: Руските сили го освојуваат Курахов
-
Новата сириска влада ги предупреди граѓаните да не крадат јавен имот
-
Слаб снег провејува на Попова-Шапка и на преминот Пресека
-
Скопјанец нападнат од сопственик на авто сервис во Чаир
-
Охриѓанка измамена за 300.000 денари