Османи по земјотресот на Самос: Подготвени сме да помогнеме
Подготвеност за помош до шефот на грчката дипломатија Никос Дендиас и алтернативниот министер за надворешни работи на Грција Милитиадис Варвициотис, изрази министерот за надворешни работи на Македонија Бујар Османи, преку неговиот официјален „Твитер“, по земјотресот на Самос.
Паралелно, Османи изрази и жалење и сочувство за загинатите на грчкиот остров.
-По разорниот земјотрес во Егејското Море, со тага ја примив веста за загубата на животите на Самос, Грција. Сочувство до семејствата на загинатите. Никос Дендиас и Милитиадис Варвициотис, подготвени сме да помогнеме, напиша доцна синоќа Османи.
Подготвеност за помош, шефот на македонската дипломатија, претходно изрази и до неговиот турски колега Мевлут Чавушоглу, а изрази и жалење за жртвите во Турција.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ демантира дека разговара за ресори и поделба на власта со „Вреди“
-
ЕУ: Очекуваме соработка со претседателката на Македонија
-
Србија испраќа хуманитарна помош за Газа
-
Бојан Миовски номиниран за фудбалер на годината во Шкотска
-
Излета автомобил од патот Куманово – Скопје, едно лице тешко повредено
-
Драма во Скопје: Претепал жена, а потоа бил агресивен кон полицијата
-
Исчезна Турчинка која престојувала во хотел во Скопје
-
Избувна пожар во куќа во Пласница, зафатена и соседната куќа