Османи од Париз: Денеска почна врачувањето на над 130 изготвени патни исправи, од вкупно 160 реализирани барања во Франција
За време на работната посета на Париз имав можност лично да ги предадам првите пасоши на нашите државјани, кои овојпат нивните исправи ги стекнаа на поедноставен, поефикасен и побрз начин, преку мобилната станица во Брисел, а преку која се покриваат нашите амбасади во Париз и Хаг. Ова денеска на Фејсбук го напиша шефот на дипломатијата Бујар Османи, кој заедно со вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ денеска се наоѓаат во работна посета на Париз.
Османи посочи дека денеска почнало врачувањето на над 130 патни исправи, од вкупно 160 реализирани барања во Франција.
– Особено не радува кога при моите посети, забележувам среќна дијаспора, наши граѓани кои пред сѐ се задоволни од услугите и ефикасноста на нашите амбасади и конзулати, наведува Османи на Фејсбук.
Османи и Маричиќ во Париз ќе остварат средби со државниот секретар за европски прашања во француското Министерството за Европа и надворешни работи, Клеман Бон и со дипломатскиот советник за континентална Европа и Турција на претседателот на Франција, Емануел Макрон, Изабел Думон.
Во фокус на разговорите ќе бидат европските перспективи на земјава во светло на актуелното француско претседателство со Европската Унија, а се очекува да бидат разменети мислења и за други актуелни регионални и глобални предизвици. Во рамки на посетата предвидена е средба на Османи и Маричиќ и со сенаторот Робер Бадентер.
Ново на Сител
-
Инспекторите во Струмица вчера казнија три лица за согорување отпад од електрични кабли
-
Пожар избувна во хотел во Лондон, евакуирани 100 луѓе
-
Зеленски: Дојде време да се формираат „европски вооружени сили“
-
На граничниот премин „Блаце“ уапсен Косовец - го барале од Интерпол
-
51-годишен маж тешко повреден откако со возило излетал надвор од пат
-
Од 19 февруари ќе се работи на патот кај Лагадин
-
Синер суспендиран на три месеци
-
Шолц: Германија не прифаќа странско мешање во нејзината демократија