Османи: Немаме удел во изградбата на Музејот, со Ахмети бевме поканети како гости
Музејот кој викендов беше отворен во селото Сопот го одбележува убиството на 60-мина селани во 1944 година. Беше погрешно претставен како музеј на УЧК, истакна денеска министерот за надворешни работи и портпарол на ДУИ Бујар Османи.
На новинарски прашања по прес-конференцијата со заменик-помошникот генерален секретар за политички прашања и безбедносна политика на НАТО Хавиер Коломина, тој одговори дека лидерот на партијата Али Ахмети бил како поканет гостин и оти прашањата за сопственоста на имотот треба да се упатат до организаторите.
- Според моите информации, викаа дека е семејно земјиште, семејството тоа го изградило за да ги одбележи соселаните. Ние немаме никаков удел во тоа, само бевме поканети и претседателот Ахмети учествуваше, рече Османи одбегнувајќи да ги коментира фотографиите од Музејот со елементи на УЧК.
Ново на Сител
-
Замрзнати вработувањата во администрација
-
Тема на денот со Ѓоко Велковски, заменик министер за социјална политика, демографија и млади
-
Ахмети го свика централното претседателство на ДУИ: Протестите можна точка за дебата
-
Училиштата во Општина Карпош и натаму без парно греење
-
Тестираните за „Птичји грип“ се негативни
-
Санкции за смртта на 14-месечното бебе
-
Почна вакцинацијата против сезонски грип – денеска термин добиле 5.700 граѓани
-
Ахмети го свика централното претседателство на ДУИ: Протестите можна точка за дебата