Османи: Најмногу попишани во Швајцарија
Попишувањето на дипломатијата завршува денеска, но продолжува за дијаспората. Бројот на наши попишани граѓани од дијаспората надмина 60 илјади. На прво место е Швјацарија со околу 16 илјади, што е една четвртина од очекуваните бројки, потоа следат Германија со 10 илјади, Италија со шест илјади, додека во Канада и Австралија имаме далеку послаби резултати, за што како одговорно Министерство преземаме дополнителни активности и повикуваме што поголем број да се охрабрат и одвојат неколку минути за овој процес, изјави денеска на прес-конференција Министерот за надворешни работи Бујар Османи.
Попишувањето на нашите дипломати и членови на конзуларни претставништва е успешно завршено денеска, а продолжува попишувањето на дијаспората, што ќе трае се до 22 април.
– Пописот е важна работа, а учеството на дијаспората значи правилно мапирање на дистрибуцијата на нашите граѓани во страство, што е важно за да имаме основа за носење развојни политики врз прецизни податоци, кои ќе бидат од директно значење за нашата дијаспора, изјави Османи.
Активно работиме на промоција и дисеминација на овој процес, рече Османи, нагласувајќи дека работната група на МНР е во постојано заседавање и ја следи работата на ДКП и телефонските линии се постојано отворени и се користат активно.
– Нашите амбасади и конзуларни претставништва интензивно работат со здруженијата на граѓани, асоцијации и верски здруженија. Целата мрежа е ставена во фокусот на овој процес, како нивни прв приоритет, изјави Османи.
Во рамки на своите дипломатски активности, Османи, посочи дека утре заминува за Швајцарија и потоа во Мадрид, каде ќе има средби и со дијаспората.
Ново на Сител
-

Дизелот од полноќ поевтин за 8 денари, бензините за 4 денари по литар
-

Македонија втора недела под топлотен бран - не се исполнети условите за црвена фаза
-

Пожарен аларм низ Европа: Македонија под висок ризик, огнот беснее во регионот
-

СДСМ поднесе кривични против здравствените власти - ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ со години молчеле за неисправната вода
-

Истекува рокот за притвор на Груби, без обвинение следуваат поблаги мерки
-

Пристигнуваат тестовите за дрога – што треба да знаете?
-

Сејф сити се уште не ги казнува странските возачи, деновиве системот започнува да функционира на ГП “Табановце”
-

Од Охрид стартува „Силно светнал ден“
