Османи на средба со ДСКС за Планот 3-6-9

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) мора да создаде регулатива и предуслови за спречување на злоупотреба на државните ресурси во кампањата на следните избори, како и во наредниве три месеци да ја реализира постапката во делот на извештајот за сите истраги и мерки кои ги има покренато во последните пет години според форматот на Европската комисија.
Ова денеска го истакна вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи пред средбата со претседателот и членовите на Државната комисија за спречување на корупцијата која ја остварува во рамки на реализација на Планот 3-6-9 на Владата на РМ, а пред кои вети поддршка и целосна независност во нивната работа.
- ДКСК има одредени надлежности во реализирање на правната држава и во мерки кои ги предвидовме во првите три месеци од Планот. Посебно е важна мерката која се однесува за изборите бидејќи тие ќе бидат првиот тест во којшто ќе покажеме кредибилност како држава пред нашите меѓународни партнери и граѓаните, истакна Османи.
Порача дека заедно со Комисијата ќе ги направат сите предуслови со цел да се направи поделба на државата од партиите, но како што рече, и да се гарантира дека оваа институција ќе биде автономна во своето делување, независна и без никакви притисоци.
Претседателот на ДКСК Игор Тантуровски, рече дека ќе го информира Османи за остварувањата на ДКСК во препораките добиени со итните реформски приоритети но и со Планот 3-6-9 на Владата на Република Македонија.
- Ќе го информирам вицепремиерот и за препораките кои ги добивме од ГРЕКО за кој Комисијата доби позитивни оценки и бевме пофалени на седницата во Стразбург, истакна Тантуровски.
Одговарајќи на новинарско прашање за објавувањето на анкетните листови на функционери кои беа повлечени од веб страната на ДКСК, Тантуровски рече дека е изготвено ново софтверско решение, во кое ќе се овозможи анкетните листови да бидат видливи за јавноста во период ќе биде законски регулиран. Појасни дека се чека тоа да влезе во собраниска процедура за да почнат законските измени за да можат да постапуваат по тоа.
Ново на Сител
-

Мицкоски - Брунер: Остануваме посветени на градење силни и одржливи односи, засновани на меѓусебна доверба, почит и споделени европски вредности
-

Ѓорѓиевски: Скопје не смее да чека, мора да се развива - посветено и со визија, во завршна фаза е изградбата на улицата „Фрањо Клуз“ во Аеродром
-

Министерството за транспорт објави повик за набавка на 150 електрични еколошки автобуси
-

Приведен 18-годишник од тетовско осомничен за лажни дојави за поставени бомби во образовни институции
-

Сиљановска Давкова: Не би имала ништо против уставни измени доколку се работи за копенхашки критериуми
-

„Нетфликс“ се откажува од натпреварот со „Парамаунт“ за преземање на „Ворнер брос“
-

Тошковски – Брунер: Партнерството со институциите на ЕУ има клучна улога во унапредувањето на националната и европската безбедност
-

АХВ: Болеста сипаници кај овци и кози потврдена во четири одгледувалишта во село Лопате
