Османи на работен појадок во Брисел посветен на европското досие на Северна Македонија
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, утрово учествуваше на работен појадок на шефовите на дипломатиите на земјите членки на Европската унија што се организираше под покровителство на министерот за надворешни работи на Грција, Никос Дендијас. Работниот појадок беше посветен на европското досие на Северна Македонија, а се одржа на маргините на Советот за надворешни работи на ЕУ. Исто така, на средбата беа присутни и Високиот претставник за надворешна и безбедносна политика на ЕУ и потпретседател на ЕК, Жозеп Борељ и еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеи.
„Оваа средба коинцидира со војната во Украина и случувањата од последните недели го сменија контекстот на нашите разговори, но и на геополитичките и стратешките приоритети на европскиот континент. Нашиот дијалог добива пресвртница во однос на итноста од носење на одлуки што ќе ја детерминираат европската иднина на Северна Македонија во ЕУ, но и на целиот Западен Балкан“, истакна Османи.
Во овој контекст, Османи додаде дека Северна Македонија како кредибилна земја-кандидат, 100% се усогласи со санкциите на ЕУ кон Русија, но и понуди хуманитарна помош и ги отвори вратите за засолниште на сите што бегаат од страшната војна во Украина.
На појадокот, министрите изразија силна поддршка за лидерството во Северна Македонија, кое недвосмислено и посветено работи на исполнување на европската реформска агенда и на добрососедските односи со што земјата е препознаена како веродостоен партнер, која ги почитува европските правила, стандарди и вредности.
„Унијата покажа дека знае да се обедини во историски времиња, да ги донесе вистинските одлуки, да изгради консензус, а ние покажавме дека стопроцентно стоиме зад овие одлуки“, заклучи Османи.
Во дискусијата преовладуваше мислењето дека одлуката за одржување на првите меѓу-владини конференции и отпочнувањето на пристапните преговори со Северна Македонија и со Албанија, за време на француското претседателство со ЕУ би била правилна и правична работа со многу позитивни ефекти за целиот регион.
Оваа средба беше одлична можност Османи да се сретне и да размени мислења со повеќето шефови на дипломатии од земјите членки на Унијата, а имаше и одвоена билатерална средба и со еврокомесарот за проширување, ОливерВархеи. Во текот на денот предвидено е негово обраќање на АФЕТ во Европскиот парламент, средби со повеќе европратеници, со групата „Пријатели на Северна Македонија“ и со неколку високи претставници во институциите на ЕУ.
Ново на Сител
-
Преку лажен мејл наводно од ФЗО на граѓани им ветувале исплата на пари ако кликнат на одреден линк
-
Исус покренат со вештачка интелигенција во црква во Швајцарија
-
Комплетиран новиот состав на Комисијата за помилување
-
Тепачка помеѓу пратениците од власта и опозицијата во српското Собрание | ВИДЕО
-
Ана де Армас во врска со посинокот на контроверзниот претседател на Куба
-
Кривична против поранешниот министер за култура Хусни Исмаили за штета на Буџетот од 31 милиони денари
-
Донација од шест електрични автобуси на ЈСП утре и купување на уште 120 за јавниот транспорт по општините
-
Ангела Меркел: Ако Украина пристапеше во НАТО во 2008, војната ќе започнеше порано