Османи - Коблер: Соработка во спроведувањето на реформите за евроинтеграцијата
Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи денеска се сретна со австриската амбасадорка Ренате Коблер која ја информираше за приоритетите на кои ќе работи новата Влада во претстојниот период во однос на ЕУ интеграцијата.
- Уверен сум дека во наредните месеци ќе имаме одлична и блиска соработка во спроведувањето на сите неопходни реформи поврзани со процесот на интеграција во ЕУ, истакнал вицепремиерот Османи, додавајќи дека Австрија останува да биде еден од најзначајните партнери и силен поддржувач на политиката на проширување и членство на земјите од Западен Балкан.
Од Кабинетот на вицепремиерот информираат дека тој потенцирал оти останува фокусот на исполнување на обврските коишто произлегуваат од Итните реформски приоритети и Договорот од Пржино. Вицепремиерот Османи изразил надеж дека очекуваните резултати ќе се постигнат преку обезбедување одржлив пристап во спроведувањето на клучните реформски активности и на тој начин би се отстранила условеноста на препораката од последниот извештај на ЕК за земјата.
Двајцата соговорници се согласиле дека не очекува период на интензивна работа со цел државата побрзо да се врати на патот кон ЕУ.
Ново на Сител
-
Тема на денот со д-р Никола Пановски
-
ИЈЗ: Четворица вработени на ЗОО под надзор, еден ќе се тестира за птичји грип
-
Партиски реакции: Одговорност за Арсовска за птичјиот грип во зоолошка
-
Утре почнува вакцинацијата против сезонски грип
-
КСОМ: Газди на приватни фирми спречувале работници да влезат во синдикат
-
ДУИ не дава поддршка
-
Втората најголема градинка во Македонија ќе биде во Прилеп
-
Скрининг или рана детекција на карцином на дојка