Османи: Кампањата повеќе ќе биде информативна, отколку пропагандистичка
Референдумската кампања повеќе ќе биде информативна отколку пропагандистичка. Сметам дека граѓаните немаат потреба да бидат убедувани, туку треба да бидат информирани за прашањата од договорот, бидејќи сметаме дека во моментот најголемиот хендикеп е всушност незнаењето на точните информации од договорот, имајќи предвид дека според анкетата само три отсто од граѓаните го прочитале договорот.
Ова денеска го изјави вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи, по панелот што се одржа во Клубот во пратеници по повод 17-годишнината од потпишувањето на Рамковниот договор.
Во однос на тоа како ќе се води референдумската кампања, Османи рече дека има две нивоа на кампања - Владата ќе има организирана структура во која ќе учествуваат коалициските партнери, меѓутоа и политичките партии засебно, кои ќе формираат штабови од централно до најлокално ниво на месни заедници.
- Кампањата има за цел да им долови на граѓаните кои се всушност конкретните позиции на договорот, кои се позитивните последици од имплементацијата - членството во НАТО и ЕУ и кои се негативните аспекти од неуспехот на референдумот, рече Османи.
Рече дека постои законски период кога се спроведува кампања и максимално како Влада се ангажирани да пратиме порака за иднината отколку евалиуација на минатото.
Османи рече дека Охридскиот рамковен договор веќе две децении е основа на стабилните меѓуетнички односи, но и основа врз која денес Македонија ја гради својата функционална мултиетничка и мултикултурна демократија.
- Во таа смисла Рамковниот договор претставува и симбол на внатрешната интеграција на РМ и добра водилка за решавање на предизвиците со кои денеска се соочуваме, а тоа е да ја докомплетираме и надворешната интеграција на РМ. Токму во оваа насока денеска ја одбележуваме оваа годишнина тематски преку панел, а темата е токму врската меѓу Охрид и Брисел како што се поврзани процесите на нашата надворешна и внатрешна интеграција, рече Османи.
На прашањето зошто двајца од потписниците на Рамковниот договор денеска не присуствуваа на одбележувањето, Османи рече дека лично разговарал и со двајцата. Љубчо Георгиевски му ветил дека ќе присуствува, но најверојатно не можел да стигне, додека Бранко Црвенковски физички не бил во Скопје за да присуствува на одбележувањето.
Ново на Сител
-
Руте: НАТО ќе го зајакне своето воено присуство во Балтичкото Море
-
Педесет тони хуманитарна помош од ЕУ и СЗО се очекува да пристигнат во Сирија на 31 декември
-
Поради сообраќајка по една коловозна лента се одвива сообраќајот на патот Куманово – Крива Паланка
-
Најголемиот дел од трговците ги враќаат цените на ниво од пред зголемувањето, вели Мицкоски
-
Тошковски: Македонската полиција повторно ќе биде гордост на секој граѓанин
-
Ристески: Сите маркети да ги додадат основните производи во кошницата до крајот на денот, во спротивно ќе има мерки
-
Во вторник одлука на Владата за средствата за бесплатниот превоз на студентите
-
Притвор од осум дена за двајца осомничени за напад на полициски службеници во Битола