Османи: Кадровските промени значат нови политики за подобар стандард

Вицепремиерот задолжен европски прашања Бујар Османи при теренската посета во тетовско Фалише изјави дека кадровските промени кои се очекуваат на денешната посебна владина седница се потребни за да се смени фокусот на дејствување на Владата и затоа се потребни промените во администрацијата.
– Има договор помеѓу коалициските партнери четиригодишниот мандат на оваа Влада да се дели на два дела. Во првиот дел да се затвораат политичките прашања и да се постигнат стратешки цели на државата во однос на НАТО и ЕУ и мислиме дека до крајот на годината ќе биде и НАТО и почеток на преговори со ЕУ. Остатокот од мандатот се разбира фокусот целосно ќе се префрли од политика во политики. А тоа значи политики за поголем животен стандард за подобра животна средина за повеќе работни места за повисоки плати итн., рече Османи.
Тој истакна дека е исполнет предусловот со затворањето на политичките теми.
– Затоа коалициските партнери одлучија секој во својот двор во својата партија да направи одредени реструктуирања, односно обнова на кадровските потенцијали што ги имаат партиите во раководењето на институциите. Очекуваме секоја партија да предложи до Владата одредени промени вклучувајќи ја тука и ДУИ, дел ќе бидат преместени од една институција во друга, зборам за нашите претставници, дел ќе бидат сменети со нови имиња, рече Османи.
Вицепремиерот информира дека денеска ќе има само одлуки за разрешувања додека на наредни седници на Влада и да се назначуваат нови кадри. Според него, кадрите на ДУИ кои ќе бидат заменети ќе бидат помалку од 10.
Ново на Сител
-

Уапсени тројца полски државјани откако провалиле во воени магацини, па се дале во бегство
-

Двајца ученици паднале од електричен тротинет пред основно училиште - едниот е тешко повреден
-

65-годишна велешанка прегазена од товарно возило
-

Маж од Радовиш ги нападнал сопругата и малолетната ќерка
-

Ѓаволот ја платил казната од 8 илјади евра, Феxми Стафа барал условен отпуст, велат од Кривичен
-

Мицкоски за изнајмувањето на „Македониум“: Уште денеска ќе побарам разрешување на директорот и на Управниот одбор
-

12 илегални мигранти откриени во еден ден од страна на Царинарница Скопје
-

Две и пол години казна затвор за вработената во МВР што фалсификувала возачки дозволи - Година и три месеци за двајца од возачите
