Османи: Исмаили нов амбасадор во Брисел, Димовски во Париз, Рамчиловиќ во Подгорица, Манасиевски во Анкара
Директорот на Агенцијата за национална безбедност Виктор Димовски ќе биде нов амбасадор во Франција, а пратеникот од СДСМ, Зеќир Рамчиловиќ ќе биде амбасадор во Црна Гора. Зулфи Исмаили заминува како наш претставник во Постојаната мисија во ЕУ во Брисел, а Јован Манасијевски во Анкара, соопшти министерот за надворешни работи Бујар Османи на денешниот брифинг со новинарите.
Министерот најави дека има кандидати за амбасадорското место во Берн, Швајцарија, и за местата генерален конзул во Минхен и во Торонто, но за нив не е завршена процедурата со добивање агремани и затоа нивните имиња остануваат засега во тајност.
Во вторник се очекува да се предложат уште две имиња за две амбасадорски позиции.
Од први септември е почната сеопфатна евалуација на амбасадорите кои веќе ги извршуваат своите функции, за периодот септември 2021 – септември 2022 година. Министерот најави дека е можно да има и повлекување на оние што не ги исполнуваат критериумите.
Ново на Сител
-

Трамп: Одличен ден за светскиот мир, ова може да биде „златна ера на Блискиот Исток“
-

Денеска е Велика среда
-

Пад на цените на нафтата по објавата на Трамп за примирје со Иран
-

Иран: Разговорите со САД ќе започнат во петок, во Исламабад
-

Без струја одредени делови од Скопје
-

Променливо облачно и посвежо со сончеви периоди
-

Тошковски од Вашингтон: Стратешкиот дијалог со САД носи конкретни резултати за безбедноста
-

Муцунски од Вашингтон: Стратешкиот дијалог ја реафирмира нашата улога како кредибилен сојузник и партнер
