Османи: Исмаили нов амбасадор во Брисел, Димовски во Париз, Рамчиловиќ во Подгорица, Манасиевски во Анкара
Директорот на Агенцијата за национална безбедност Виктор Димовски ќе биде нов амбасадор во Франција, а пратеникот од СДСМ, Зеќир Рамчиловиќ ќе биде амбасадор во Црна Гора. Зулфи Исмаили заминува како наш претставник во Постојаната мисија во ЕУ во Брисел, а Јован Манасијевски во Анкара, соопшти министерот за надворешни работи Бујар Османи на денешниот брифинг со новинарите.
Министерот најави дека има кандидати за амбасадорското место во Берн, Швајцарија, и за местата генерален конзул во Минхен и во Торонто, но за нив не е завршена процедурата со добивање агремани и затоа нивните имиња остануваат засега во тајност.
Во вторник се очекува да се предложат уште две имиња за две амбасадорски позиции.
Од први септември е почната сеопфатна евалуација на амбасадорите кои веќе ги извршуваат своите функции, за периодот септември 2021 – септември 2022 година. Министерот најави дека е можно да има и повлекување на оние што не ги исполнуваат критериумите.
Ново на Сител
-

Унијата ќе воведе радикални мерки за штедење
-

Сејф сити: Зголемен бројот на прекршоци во март во споредба со февруари
-

Објавен оглас за прием на нови 300 професионални војници - армијата го одбележа денот на Првата пешадиска бригада
-

Ахмети: Секој што ќе го допре албанскиот јазик ќе добие одговор
-

Стартува изградбата на далекуводот Битола - Елбасан
-

Иднината на работата во ерата на вештачката интелегенција
-

Преглед на вестите од светот
-

Продолжува судењето за самоубиството во Карпош
