Македонија
2. February 2022 - 8:01

Османи и Маричиќ во работна посета на Париз

Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ и министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска ќе престојуваат во работна посета на Париз.

Како што информира МНР, Османи и Маричиќ ќе остварат средби со државниот секретар за европски прашања во француското Министерството за Европа и надворешни работи, Клеман Бон и со дипломатскиот советник за континентална Европа и Турција на претседателот на Франција, Емануел Макрон, Изабел Думон.

Во фокус на разговорите ќе бидат европските перспективи на земјава во светло на актуелното француско претседателство со Европската Унија, а се очекува да бидат разменети мислења и за други актуелни регионални и глобални предизвици.

Во рамки на посетата предвидена е средба на Османи и Маричиќ и со сенаторот Робер Бадентер.