Османи ги отфрли тврдењата на опозицијата која бара негова оставка
Министерот за надворешни работи Бујар Османи ги отфрли како лаги и невистини обвинувањата од опозицијата која бара негова оставка бидејќи на прес-конференцијата со шпанскиот министер за надворешни работи не го користел македонскиот јазик како официјален јазик на државата.
- ВМРО-ДПМНЕ се повеќе прераснува во шовинистичко здружение кое не ги почитува ни своите поддржувачи кога на светите празници изнесува лаги и и невистини, а уште помалку останатите граѓани кои постојано ги навредува и омаловажува ширејќи етничка омраза и нетрпеливост, напиша Османи на неговата официјална фејсбук страница.
На фејсбук статусот е закажен и линк од прес-конференцијата со шпанскиот министер за надворешни работи.
Претходно, со став излезе и Министерството за надворешни работи.
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска побара оставка од Османи, а со осуда излезе и „Левица“.
- Бараме кривична одговорност за Османи, надлежните органи веднаш да поведат постапка и конечно во Македонија да се поведе соодветна постапка за дела против нарушување на угледот на државата како што е овој случај. Воедно, Османи веднаш да поднесе оставка од позицијата министер за надворешни работи, тоа е најмалце што може да го направи после ваквиот недржавнички потег кој е понижувачки кон сите граѓани на Македонија. Срамен, недржавнички и понижувачки е односнот на Бујар Османи кој во својство на министер за надворешни работи на меѓудржавна средба не го користи македонскиот јазик како официјален јазик на Република Македонија, изјави денеска на прес-конференција портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева.
Ново на Сител
-

Турција, Пакистан и Саудиска Арабија формираат воено-политички механизми во рамките на новиот одбранбен пакт
-

13 лица повикани на информативен разговор поради ширење на лажни информации за водата во Скопје
-

Евакуации по морски пат од плажата во Сивири поради големиот пожар | ВИДЕО
-

Предметот против против Груби и уште седуммина за „Државна лотарија“ почнува на 24 август
-

Пожар на првиот крак на Халкидики – пораки од бројот 112 за евакуација на Сивири и Фурка
-

Нов топлотен бран во Европа: Над 340 милиони луѓе под влијание на температури над 30 степени
-

Вложуваме во заедницата кога е најпотребно: Flex Credit донираше 10 тони вода за вработените, клиентите и жителите на Гостивар
-

ЦУК: Девет активни пожари на отворен простор до 13 часот, два се под контрола, а два изгаснати
