Османи-Бабиќ: Стратегијата за проширување на ЕК е важна за Западен Балкан

Стратегијата за проширување на Европската Комисија претставува една од најважните инцијативи за регионот затоа што директно покажува дека Европската Унија го враќа фокусот на земјите од Западен Балкан и го враќа овој регион високо на агендата на ЕУ, констатирале денеска вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи и амбасадорката на Босна и Херцеговина, Лепа Бабиќ.
- Имаме исклучително позитивен моментум, предводен од Претседателството на Бугарија со Европскиот совет, кое треба да продолжи со преземањето на претседателството на Австрија, а потоа и на Романија, при што секоја од нив претставува цврст поддржувач на процесот на проширување на Европската унија, но и секоја од нив има нескриен интерес за интеграција на земјите од Западниот Балкан во Унијата, истакнал вицепремиерот Османи на средбата во СЕП.
На средбата, како што соопшти СЕП, биле потенцирани добрите билатерални односи меѓу двете земји, како основа за остварување на уште подлабока соработка и меѓусебна поддршка во остварувањето на евроатлантските аспирации.
Ново на Сител
-

Институциите го зајакнуваат системот за интегритет, практичната примена останува предизвик
-

Тема на денот со Благојче Атанасовски, аналитичар
-

Нов апарат за дијагноза на остеопороза во Мајчин дом
-

Прилеп доби Центар за менаџирање на дебелина
-

Ленче Ристоска си поднесе оставка
-

Претседател на бугарско здружение опфатен во акција за лов на педофили
-

Нови сведоштва за насилството на Стојанче Јовановски кон сопругата
-

Големите пекарници ветуваат: Засега нема поскапување на лебот
