Османи: Ако ЕУ не одговори позитивно на напредокот на Северна Македонија, ќе го поткопа својот кредибилитет
Доколку Европската унија не одговори позитивно на напредокот на Северна Македонија, ќе го поткопа сопствениот кредибилитет, ќе ја загрози европската перспектива на регионот, а со тоа и самиот процес на проширување, онаков каков што го знаеме, изјави денеска вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи на Самитот на „Економист” на тема „Зајакнување на моментумот за европска интеграција” во Скопје.
Тој сепак посочи дека се надева и е убеден во позитивниот исход за земјава. Истакна дека почетокот на пристапните преговори ќе биде одлична можност за сите нас да создадеме постабилна, побезбедна, попросперитетна Европа, а обединета ЕУ со посилен консензус нема да се смета како проблем, туку ќе биде можност за сите.
Османи се осврна и на актуелните случувања во земјата и регионот поврзани со проширувањето на ЕУ, во контекст на очекуваните резултати и одлуки од претстојниот Европски самит во октомври. Притоа, тој го потенцираше успехот на Северна Македонија во затворањето на поголемите прашања со соседите, како и спроведените европски реформи, со што стана лидер во ширењето на европската идеа на Балканот.
-Самитот во октомври е клучен темел за иднината на интегративните процеси на ЕУ и целиот прогрес којшто досега беше постигнат е директно врзан со одлуката на Советот на ЕУ, рече Османи во обраќањето на Самитот.
Повтори дека Самитот во октомври ќе биде темел и за европската идеја на овој регион и главна пресвртница на процесот на проширување.
Вицепремиерот Османи се обрати на панелот „Перспективата на ЕУ“, заедно со Ги Верхофштат, поранешен премиер на Белгија и актуелен европратеник и Димитриос Пападимулис, потпретседател на Европскиот парламент.
Ново на Сител
-
Здравствените работници со препораки пред празниците: Умерено со алкохолот, воздржување од пиротехнички средства
-
Тошковски ќе ги презентира резултатите од работата на МВР за изминатата година
-
Трамп го сака Гренланд и неговите 55.000 граѓани на ЕУ; Европската унија нема коментар
-
Аеродромите во руските градови Сочи и Казањ привремено затворени од безбедносни причини
-
Јужнокорејското разузнавање ја потврди информацијата за заробен ранет севернокорејски војник од страна на Украина
-
Променливо облачно и студено со сончеви периоди
-
Забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патот Тетово – Попова Шапка, непрооден дел од патот кон ГП Голема Црцорија – Голеш
-
Околу 18.000 Сиријци се вратија дома по падот на Асад