Осма иселеничка средба в недела во делчевското село Град

Жителите на делчевското село Град в недела, 4 август, ќе ја продолжат иницијативата за организирање на традиционалната Иселеничка средба која првата недела по Илинден на сред село ќе ги собере иселениците од цел свет. Средбата што започна како иницијатива на иселеникот Марјан Маџовски и годинава ќе се одржи по осми пат, а годинава честа да биде кум на средбата му припадна на иселеникот Венко Стоичов.
Тој вели дека целта на средбата и годинава е селаните да се потсетат на времињата кога селото беше полно со млади луѓе и се правеа многу игранки и свадби.
– Минатата година ми се падна мене да бидам кум на иселеничката средба чија главна цел е да се потсетиме на поранешното време, да се потсетиме кога во село Град се правеа игранки, кога се правеа по две свадби месечно во селскиот дом, време во кое овде се заработуваше парче леб. Со цел да имаме што повесела општонародна веселба имаме обезбедено музика во живо, храна и пијалоци, така што очекуваме во недела многу забава, многу дружење и песна, истакна Стоичов.
Иселеникот Благојчо Илиевски, кој со семејството долги години живее во Италија, вели дека не е важно колку години човек е во странство, туку важно е тоа што душата и срцето му се дома, а за Илиевски тоа е село Град.
– За овој ден мораш да најдеш време и начин да си дојдеш дома, без разлика дали си на работа или не, ги кроиш плановите така што за Иселеничката средба мора да си дома, вели Илиевски.
– Многу луѓе не се во можност да дојдат, но помагаат со свои средства средбата и годинава да се одржи, традиционално на сред село, пред крчмата во село Град каде си игравме кога бевме мали и сакаме оваа традиција да ја продолжат сите генерации по нас, вели иселеникот Душко Ѓеорѓиевски.
Иселениците упатија покана до сите оние кои влечат корени од село Град да дојдат во недела и да се потсетат на она по што беше препознатливо селото со најуникатно име во државата.
Ново на Сител
-

Трамп ги паузира нападите врз Иран за да „даде простор“ за преговори
-

Лишени од слобода осум лица за поседување дрога
-

,,Алкохолот и воланот не се добар пар" - превентивна активност на СВР Тетово
-

Ѓорѓиевски: Циборовски го зачува духот на Старата скопска чаршија, наша обврска е да ја чуваме
-

Во Велес одбележани 80 години од смртта на хероината Мирка Гинова
-

Преку отворен прозор ја фатил својата мајка и со возилото ја влечел 20 метри, приведен 24 годишник
-

Мицкоски: Утре се очекува соопштение дека водата во Гостивар е технички исправна
-

Трагедија: 16 годишно момче почина откако ја изгубило свеста
