Ослободен словенечкиот министер за економија по целодневниот распит во полиција
Словенечата полиција синоќа го ослободи министерот за економија и потпретседател на Владата, Здравко Почивалшек, кој вчера беше приведен под сомнение дека го оштетил словенечкиот буџет при набавка на респиратори и друга медицинска опрема за време на епидемијата со новиот коронавирус.
Полицијата вчера изврши претреси во 11 објекти, меѓу кои и канцеларијата и домот на Почивалшек во обид да се најдат докази за корупција при реализацијата на осум милионскиот тендер за набавка на медицинска опрема.
Оставки поради случајот поднесоа словенечкиот министер за внатрешни работи Алеш Хојс и директорот на полицијата Антон Травнер, додека премиерот Јанез Јанша истрагата ја оцени како политички мотивирана со цел да се собори актуелната Влада.
Почивалшек е лидер на коалициската Партија на модерниот центар, втора најголема партија во словенечката Влада, без која владејачката коалиција би немала парламентарно мнозинство.
Словенечките опозициски партии истакнаа дка постапката против Почивалшек е добра причина за нови избори или гласање на доверба на Владата.
Ново на Сител
-
Грција нема да испрати во Украина Ф-16 или противракетни системи
-
Борел: Кинеското партнерство со Русија и воената поддршка на Северна Кореја ја поттикнуваат агресијата врз Украина
-
Топлотниот бран поволен за жетвата на јачменот и пченицата, останатите култури загрозени
-
Корисниците на „Ајфон“ низ цел свет предупредени за можни напади со шпионски софтвер
-
Засилено полициско присуство во општина Центар за поголема безбедност
-
Муцунски: Како кредибилна НАТО членка остануваме посветени на зајакнувањето на колективната безбедност
-
Сончево и многу топло, попладне со мала до умерена локална облачност
-
Во Собранието одбележување на 11 Јули - Меѓународен ден на сеќавање на геноцидот во Сребреница