Ослободен киднапираниот син на мексиканскиот нарко бос Ел Чапо
Синот на мексиканскиот нарко бос Хоакин Гусман (Ел Чапо) - Хесус Гусман, кој во понеделникот беше грабнат во морското летувалиште Пуерто Валарта, во петокот вечерта бил ослободен, јави неговото семејство, а пренесоа француските медиуми.
Ослободени се уште пет други лица, киднапирани заедно со Хесус од барот на ресторанот во рамки на квартот од градот, изјави член на семејството,кој посакал да остане анонимен.
-Преговаравме цело време и сега тие се слободни и добри, објасни тој.
Мексиканските судски власти не сакаа да ја потврдат информацијата за ослободувањето и само соопштија дека истрагата продолжува.
Хесус Гусман (29), син на шефот на наркокартелот „Синалоа“ од неговиот прв брак, беше киднапиран од вооружени лица од соперничкиот картел „Халиско Нова генерација“, чие влијание во последните години расте. Киднапирањето ја исфрли на површина опасноста од војна меѓу двата наркокартела. Мексиканските власти испратија поддршка во неколку држави во реонот, за да го спречат ваквиот развој на настаните.
Ел Чапо се наоѓа во затвор во Сиудад Хуарес и очекува да биде екстрадиран во САД.
Ново на Сител
-
Ковачевски од Демир Капија: СДСМ и Коалицијата се единствена опција за европска иднина на државата
-
Силен земјотрес ја стресе Турција
-
Покрај отстапката на властите сите локални избори да бидат на 2 јуни, опозицијата се уште без став дали ќе излезе на избори
-
Николоски: На овие избори се одлучува дали Али Ахмети ќе продолжи да газдува со Македонија
-
За 3 дена во странствo ќе заработам како за 3 години тука | Ана Марија Јанковиќ | Sitel Podcast 027
-
Дачиќ за Бујар Османи: Интересно е дека Пендаровски не бил информиран за резолуцијата за Сребреница
-
Столтенберг: НАТО работи на испраќање повеќе ПВО системи во Украина
-
Бислими: Српската страна не нуди идеи за решавање на проблемот на употребата на динарот на Косово