Оштетените штедачи од Еуростандард бараат државата да најде начин да ги обесштети, повикуваат на европски примери
Оштетените штедачи од Еуростандар банка, денеска преку соопштение побараа државата да најде начин да ги обесштети, а потоа, како што велат, да влезе во стечајната маса и да расчисти со криминалот и да ја впаричи стечајната маса преку наплата на личниот и имотот на семејствата кои биле вклучени во криминалот.
Според нив, Народната банка и останатите релеванти државни институции се одговорни најмалку поради фактот што не реагирале со време да го заштитат нашиот личен имот – парите на физичките лица и фирми депоненти на банката и дозволиле, потенцираат, да бидеме ограбени во целост.
-Извештајот од стечајниот управник покажува дека во време на пандемија сме оставени на немилост на државата, крадците од банката и фирмите преку кои се делеле нашите пари. Фактите од извештајот покажуваат и дека оваа стечајна постапка нема да биде ниту брза ниту лесна токму поради огромниот криминал којшто е направен. Поради сето тоа, државата мора да најде начин да не обесштети нас депонентите, а потоа да влезе во стечајната маса и да расчисти со криминалот и да ја впаричи стечајната маса и преку наплата на личниот имот и имотот на семејствата на крадците од банката, а и сите останати кои биле вклучени во криминалот, наведуваат од Здружеието.
Оттаму додваат дека такви и слични примери има многу во европските земји кои во целост ги обесштетиле граѓаните и фирмите депоненти на пропаднати банки.
Нашата држава, според нив, треба да покаже дека заслужува да биде дел од тоа европско семејство со справување на криминалот и корупцијата од овој голем скандал како прва лекција од претпристапните преговори. Најавуваат дека нивната борба продолжува додека не стигнат до конечната цел.
Ново на Сител
-
Мицкоски во Вашингтон присуствувал на на свеченоста „Гласови на слободата“ и остварил бројни средби
-
Украина работи на одржување средба меѓу Зеленски и Трамп
-
Лазаров за ремито со Австрија: Горд сум на моите ракометари
-
Капитенот Кузмановски донесе реми во последните секунди на натпреварот Македонија-Австрија
-
Собранието го донесе Законот за заштита на децата, прифатени само два амандмани
-
ОН: Туризмот во светот се врати на нивото од пред пандемијата со Ковид-19
-
Македонската репрезентација со еден гол негатива на полувремето против Австрија
-
Ѓоковиќ го победи Алкараз и се пласираше во полуфиналето на Австралија опен