-->
-->
Оштетени возила поради нерасчистени имотни односи во тетовско Порој
-->

Дваесет и шест годишен жител на тетовско Порој рано утринава во СВР Тетово пријавил оштетување на негови две возила за што посочил жител од истото село. Тој исто така истакнал дека причина за инцидентот се поранешни недоразбирања за имотно-правни односи.
-Б.И.(26) од тетовски Порој ноќеска пријавил во СВР Тетово дека М.А.(36) од истото село му ги оштетил неговото патничко моторно возило „бмв х6“ со скопски регистарски ознаки и товарно возило „ивеко“ со тетовски таблици, кои биле паркирани во дворот пред куќата, а потоа и стаклата од влезната врата на неговата перална. Според пријавеното, причина за оштетувањето биле нерасчистени имотно-правни односи.
СВР Тетово започна истрага и преземање мерки за целосно расчистување на случајот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Чолакова Дервишова: Боледувањата се даваат ако сте болни, а не за задоволување на желби и патување
-

Почна дебатата во ООН
-

Тема на денот со Лилија Чолакова Дервишова, претседателка на Здружение на приватни лекари
-

Пожар во деловни простории во кругот на Железара
-

Шверцувале цигари и лекови, цариник им давал информации за контролите
-

Лекарска комора го осуди физичкиот напад врз гинекологот Огненовиќ
-

Мицкоски од Њујорк: Македонија е жртва на булинг во Европа
-

Јулските плати зголемени за 2 евра во однос на јуни
