Оштетени спомен-бисти на народни херои во Штип
Во општина Штип оштетени се неколку спомен-бисти на народни херои од Втората светска војна.
Портпаролот на општина Штип Драган Ристов изјави дека изминатите денови непознати лица обезглавиле спомен бисти, а исшарани се и дел од спомениците на Исарот.
- Обезглавени се спомен-бистите на Ѓошо Сламков во населбата Три Чешми и на Васил Доганџиски, која е до училиштето „Ванчо Прке“, додека бистата на народниот херој Митко Цецов во Стар Конак е оштетена со црна боја. За жал, ова не е првпат вака да бидат уништени бистите на народните херои. Овој чин е за секаква осуда. Нема иднина без почитување на минатото, посебно на оние кои го дале својот живот за слободата на оваа земја, рече Ристов. Изрази надеж дека сторителите ќе бидат откриени и оти во иднина нема да се случуваат вакви вандалски чинови.
Доколку комуналните редари ги фатат сторителите на ваков вандалски чин на местото, во тој случај сторителот треба да плати глоба од 50 евра. Ристов потсети дека пред извесно време вандалски беше оштетен и споменикот на паднатите херои од конфликтот во 2001 година во паркот Суиталк, а општината, како што рече, ги санираше штетите.
Освен спомениците, Ристов рече дека вандали во континуитет прават штети на пешачката патека, кршејќи канделабри, клупи и друг инвентар.
Ново на Сител
-
Кина повика на изнаоѓање „политичко решение“ во Сирија
-
Грчко МНР: Грција го поздравува падот на режимот на Асад во Сирија
-
Најстудено и најмногу снег на Попова Шапка
-
Раст на БДП од 3 проценти во третиот квартал
-
Во протестите во Тбилиси, од 28 ноември, досега, повредени 150 полицајци и приведени над 400 демонстранти
-
СВР Велес: Трите починати лица во Црвени Брегови на возраст од 71 и 66 години и еден малолетник
-
Дополнетиот предлог на буџетот за 2025 утре на собраниска седница
-
Земјотрес со јачина од 3,5 степени во Словенија