Македонија
28. July 2022 - 10:40

Оштетени македонски возила и во Афитос | ФОТО

Откако вчера беа оштетени неколку автомобили во Калитеа, денеска се пожалија дел од македонските туристи и за штети во Афитос.

Фотографиите беа објавени на „Грција во живо“, а постојано има нови коментари од корисниците на социјалните мрежи кои даваат совети како да се заштитат туристите од вакви и слични напади.

Штетите веќе биле пријавени во полиција, па се очекува службениците да ги пронајдат сторителите.